Шеснаесет членови на ракометниот клуб „Голден арт КЛ 7“ од Скопје се позитивни на ковид-19, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Скопје за порталот СакамДаКажам.



Заразени се 13 ракометари, двајца физеотерапевти и еден тренер. Дополнително двајца позитивни ракометари има и во РК „Радовиш“ кои во понеделникот играа со тимот од Скопје.

По ова, Ракометната федерација на Македонија донесе одлука Групата А од Суперлигата да биде ставена во мирување во наредните 15 дена.