Преговарачката рамка за Република Македонија мора да содржи гаранции дека Договорот од 2017 година ќе биде имплементиран и во однос на заедничката историја во учебниците така и во поглед на откажување од старите претензии кон Бугарија од југословенско време, вели во интервју за БГНЕС амбасадорот на Бугарија во Обединетото Кралство, Марин Рајков, поранешен министер за надворешни работи во 2013 година во интервју за БГНЕС.
„Како што никој не може да го оспори правото на некои од денешните граѓани на РС Македонија да се самоидентификуваат како Македонци, така не е прифатливо да се оспорува самоопределувањето на нивните предци како Бугари. Влада која стравува од историското паметење на нејзините граѓани и сака да го мени, не ја достигна потребната демократска зрелост за да ги започне преговорите за членство во ЕУ, вели Рајков.
Амбасадорот вели дека спорот помеѓу Софија и Скопје одамна не е билатерален, туку европски, а неговото решение е важно затоа што европската перспектива на Скопје е неотповиклива и во исто време неразделна од почитувањето на европските принципи.
Прво да се исполнат договорите, а гаранции се потребни и „поради упорните закани на антиевропската опозиција во РСМ дека ќе ги саботира договорите со Бугарија и Грција“…
Второ, човековите права се незаменлив услов на ЕУ. Нашиот југозападен сосед има своја специфична правна регулација на етничките реалности и во согласност со неа, македонските Бугари мора да бидат рамноправно третирани со другите народи во РС Македонија, наоѓајќи свое соодветно место во Уставот, но и во институциите. Нивната дискриминација е неспоива со европските амбиции на нашите скопски пријатели.
Трето, способноста за споделување идентитет е една од вредностите што не дефинираат како Европејци. Европа е семејство на заеднички идентитети, а не на етнички инженеринг и вештачка диференцијација. Правото на слободно самоопределување на поединецот е свето. Како што никој не може да го оспори правото на некои од денешните граѓани на РС Македонија да се самоидентификуваат како Македонци, така не е прифатливо да се оспорува самоопределувањето на нивните предци како Бугари, велимеѓу другото Рајков.







