Во интерес на Бугарија, во интерес на НАТО и ЕУ, во интерес на регионалната стабилност, во интерес на бугарската нација е Македонија ќе ги започне преговорите за идно членство во Европската Унија.
„Оваа граница што не’ дели мора да биде што е можно пониска. Во нашата историја тоа било примано како проклетство за бугарскиот народ. Не можеме да не се радуваме на перспективата дека еден ден (таа граница -н.з.) треба да се спушти до максимум“, вели Марин Рајков, поранешен премиер, министер за надворешни на Бугарија и актуелен амбасадор во Велика Британија.
Рајков вели дека бугарските очекувања се легитимни и праведни, пренесе БГНЕС.
„Бугарија не ја уценува РСМ. Нема причина да ги уценуваме нашите браќа во Скопје. Ние сме братски земји. Делиме исти јазични традиции, делиме заедничко историско пеметење“, вели Рајков.
Според него, целиот процес на пристапување е условен процес.
„Нема причина Бугарија, која го помина целиот овој процес на исполнување одредени барања и услови, сега да прифати дека истите тие услови и барања нема да важат за следните“.
„Работите се многу јасни. Бугарија има очекувања во преговарачката рамка да се постави одредени барања, да се дадат одредени гаранции за интересите на бугарската нација и Бугарија како земја членка на ЕУ. Оваа преговарачка рамка ќе ги утврди обврските на ЕК за следење на спроведувањето на одредени задачи.
Напредокот на PCM кон полноправно членство во ЕУ, би се случил, на пример, за 10 години, вели Рајков.
Тој потсетува дека Македонија не е вклучена во процесот на уредување на „преговарачката рамка“ затоа што РСМ,како што вели, не е членка на ЕУ, односно нашите пријателски и партнерски контроверзи не се со РСМ, туку со некои земји-членки на ЕУ.
„Проблемот е што некои од нив не ги прифаќаат бугарските барања и со тоа го попречуваат постигнувањето на консензус. Бугарија е под притисок да се постигне консензус.
Ова е крајно неетички притисок. Тоа не одговара на самите практики на ЕУ. Ако се постигне консензус преку притисок, тој станува пародија. Постигнатиот консензус со притисок врз една земја е пародија“, категоричен е амбасадорот Рајков и додава:
„Тоа не е консензус. Овој консензус ќе биде контрапродуктивен бидејќи самиот притисок е контрапродуктивен“.
За бугарските бараења Рајков вели:
„Вклучување на македонските Бугари во Уставот, пакет 1 плус 4.
РСМ секако ќе ги вклучи и македонските Бугари во својот Устав, но не како малцинство, нема малцински прашања во односите меѓу РСМ и Бугарија.
Нема македонско малцинство во Бугарија, ниту има бугарско малцинство во РСМ.
„Зборуваме за дел од бугарскиот народ кој живее на територијата на РСМ, а тоа е нешто сосема друго, зборуваме за државотворен народ“, вели Рајков.







