Бугарија нема „скриен дневен ред“за Македонија, туку само желба за симетрично решение што би овозможило европска интеграција на соседната земја.



Но, само како предвидлив и демократски сојузник кој се помирил со тешкото тоталитарно минато и и сврте грб на својата идеологија“, се вели во анализата на бугарскиот амбасадор во Британија Марин Рајков, за БГНЕС.

„Сакаме да интегрираме партнер, а не проблем“ вели амбасадорот

„Мислам дека романсата заврши со одбивањето да се спроведе Договорот од 2017 година. А тој, со сите негови елементи – Заедничката историја, одбивањето да се создаде малцинство во Бугарија, јазичната уставна клаузула, секторската соработка – веќе е инсистирање на Европската унија.

Пред два месеци ова беше усвоено во Заклучоците на Советот. Затоа бараме европски гаранции во оваа фаза.

Романтичен пристап би бил оној кој сака да го пренесе минатото во сегашноста. Бугарскиот народ не може да ја прифати спротивната крајност – пренесување во минатото на сегашните идеологии кои ја оправдуваат дебугаризацијата и злосторствата на Кралската и Титова Југославија.

Ни треба PCM како регионален елемент на нашата европска конструкција. Незамисливо е да има „црни дупки“ на картата на Европската унија. Северна Македонија мора да биде европска држава“ вели меѓу другото амбасадорот.