Рахиќ: Во Шутка е многу подобро од пред 6 месеци

Директорот на КПУ затвор „Скопје“ Есад Рахиќ вели дека условите во „Шутка“ се многу подобри споредено со периодот пред шест месеци. Реновиран бил покривот, поставени се и фотоволтаични системи кои произведуваат струја за топлење вода за потребите на затворот, а поголемиот дел од зафатите за реновирање биле со средства од донации кои изнесуваат околу 250 илјади евра



„Неколку фирми донираа средства за реновирање келии и тоалети, донирани се кебиња, душеци, чаршафи, прехрамбени производи, облека и бела техника… „вели Рахиќ.

Во затворот се примени нови 11 затворски полицајци, а директорот најави дека ќе се примат уште десет. Таму сега има околу 95 припадници на затворската полиција.

Извор: 360 степени