Рафис Алити, попознат како „командант М’суси (Учителот)“, во интервју за „Љајм“ одговори на прашањето дали целта на ОНА во 2001 година била „да ја направат Албанија“, како што пред неколку дена рече Али Ахмети на отворањето на „музејот“ во кумановското село Сопот.
„Тоа не ни беше целта. Тоа се национални цели. Дури и мојот дедо зборуваше за Албанија, за отстранување на границите. Тоа е сон на сите генерации, па и пред нас. Всушност, нам што почнавме во 1980-тите, но и на оние генерации пред 1980-тите, сонот беше да се отстранат границите. Го направивме тоа што можевме да го направиме како генерација. Го имаме Косово како држава, што е сон на многу генерации и пред 1990-тите. Ние сме привилегирана генерација, би рекол. Привилегирани сме и денес што пред се јас водамго имаме независно Косово, држава која секој ден оди напред, се издигнува, а благосостојбата што ја имаат граѓаните на Косово денес е резултат на жртвата на многу генерации, дури и пред 1970-тите, 1960-тите“, изјави поранешниот потпретседател на Собранието и во три наврата пратеник на ДУИ.





