Радоники до Рама: Со шегата ги брише Македонците, за Албанците уште покатастрофално

Финансискиот консултант од Република Албанија Фљамур Радоники одговара на твитот на премиерот Еди Рама кој тврди дека изјавата за Ковачевски како иден премиер
на ,,Западна Бугарија” била иронична односно шега насочена кон ЕУ.



,,Не се вика иронија кога со ваква шега го брише македонскиот народ кој и онака има проблем со идентитетот.
И да биде уште покатастрофално, една третина од населението во Македонија се Албанци!
Како да се чувствуваат ако се „населени“ во земја како „Западна Бугарија“?”, го прашува Радоники својот премиер кој не дава одговор на прашањето.

Од каде Радоники дошол до бројката од 33 % Албанци во Македонија тој не кажува.