Радио Лидер објавува дека пратеникот и претседател на политичката партија Левица рано утрово е забележан на скопскиот аеродром, како се чекира за лет за Хургада, Египет.
На фотографиите кои пристигнаа на Радио Лидер, Апасиев чека да се качи на авион заедно со неговата сопруга.
Инаку Хургада важи за една од поскапите дестинации за одмор во Египет и не би било никаков проблем некој да оди на летување таму, но, Димитар Апасиев постојано сака да наметне мислење дека тој има скромен животен стил, пишува во веста на Радио Лидер од каде заклучуваат дека очигледно скромноста важи само за оние кои се доволно глупави да му веруваат.
Според медиумот лицемерието на популистите од Левица е уште поголемо, ако се знае дека додека нивниот лидер ќе ужива во Хургада тие водат кампањи во кои се грижат за две третини од населението кое не може да оди на одмор.








