По иницијатива на претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска ќе се одржи експертска дискусија посветена на состојбата и перспективите за развој на односите меѓу Македонија и Бугарија.
Оваа информација ја соопшти прес-службата на шефот на државата, јави дописникот на МИА од Софија.
„Во петок, 26 март, во 10.30 часот на дондуков 2, на иницијатива на шефот на државата Румен Радев, ќе се одржи експертска дискусија во претседателската институција, посветена на државата и перспективите за развој на односите меѓу Бугарија и Македонија“,се вели во најавата.






