Бугарскиот претседател Руемн Радев реагира на изјавата на шефицата на бугарските социјалисти дека со одобрувањето на шефот на државата воена помош на Украина, земјата се вовлекува во војна.



Бугарските социјалисти против извоз на оружје во Украина

„За жал, воените поттикнувачи во парламентот со огромно мнозинство одлучија за воена помош за Украина“ изјави Радев..

„Така, тие ја обврзаа преодната влада да склучи договор со Украина за таква помош. Но, во денешната крајно кревка политичка ситуација и меѓуинституционална рамнотежа, секоја институција во своето дејствување и секоја партија во својот говор мора строго да се придржува до законот“, изјави Румен Радев во коментар на Указот објавен денеска за испраќање воена помош за Украина, јави репортерот на БГНЕС.

„Согласно прописите, наметнувањето вето не може да ги промени текстот на веќе склучен меѓународен договор, односно ветото е апсолутно беспредметно“, вели Радев како одговоир на барањето на Корнелија Нинова. БГНЕС