Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека е крајно време антибугарската идеологија ка Северна Македонија која намерно ги труе односите да остане во минатото.
Радев, реагира на изјавите и написите и реакциите во Македонија во изминативе денови по посетата на бугарска делегација на отворањето на центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Според Радев, обидот на политичарите да градат идентитет врз основа на фалсификати на комунистичката интернационала, а не врз историска вистина, е спротивно на интересите на граѓаните на РСМ, кои сакаат членство во ЕУ.
„Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван (Ванче) Михалов е човекот кој му одбил Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија.
Не Иван Михаилов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убиле и испитувале десетици илјади во концентрационите логори само затоа што решиле да продолжат да се нарекуваат Бугари, а не Македонци“, рече Радев.







