Радев утре го дава мандатот за состав на бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев утре ќе го врачи мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание „Продолжуваме со промените“, јави репортерот на БГНЕС.



Договорот за коалиција веќе го потпишаа Демократска Бугарија, ИТН, а БСП и даде мандат на Нинова да го потпише.

Утре, 11 декември, во зградата на Националното собрание ќе биде претставена структурата и составот на Советот на министри, (бугарската влада) предложени од Продолжуваме со промената.