Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Македонија , изјави бугарскиот претседателот Румен Радев.



Верувам дека ќе се исполнат сите ветувања и заложби од нашите соседи, со цел да се забрза процесот на интеграција на РС Македонија, рече Радев.

Тој повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, прекинот на говорот на омраза и прекинот на процесите на дебугаризација само ќе помогнат да се забрза процесот за Бугарија да може да ја отвори вратата за преговори за членство.