Радев со нова провокација: Бугарите од Црно Море до Охрид се бореле за Бугарија во 1903

Употребувајќи го името Илинденско-Преображенско востание (иако до Преображение завршиле речиси сите битки) бугарскиот претседател Румен Радев зборуваше во прославата под негово спонзорство а по повод 118-та годишнина од Илинденското востание во областа Петрова Нива.



„Овој светол датум засекогаш духовно ќе ги поврзе Бугарите од Тракија и Македонија. Денеска повеќе од 100 години по настаните, меѓу нас се нашите сонародници од Република ѕ. Македонија“, рекол Радев во својот говор.

Радев наскоро ќе се бори за втор мандат за претседател на Бугарија не пропушти прилика да испрати нови провокации кон Македонија и Македонците.

“Во историската 1903 година, на ова место, според сите правила на модерниот парламентаризам, како што ќе напишат очевидците, Тракијците пресудиле: Нема време за двоумење! Одринскиот револуционерен округ се крева на востание заедно со своите браќа од Македонија. Од Охрид до Црно море, Бугарите ја распалуваат стихијата на револуцијата. Револуција во одбрана на обесправените, за бугарското име, за личното достоинство, што стои повисоко од имотот и животот “, вели бугарскиот претседател Радев.