Бугарскиот претседател смета дека држувањето на Бугарија и Романија надвор од Шенген значи економски загуби не само за Бугарија, туку и за целата ЕУ.



Оттаму тој смета дека влезот во Шенген ќе се случи уште оваа година.

„Работиме интензивно на сите нивоа на дипломатијата, ги имаме покриено сите шенгенски критериуми. Со поддршка на Унгарија и со поддршка на сите наши европски партнери од Европската Унија, веќе оваа година ќе можеме да се приклучиме на Шенген зоната’, рече Радев по средбата со унгарската колешка Каталин Новак.

Радев се заблагодари за конзистентната активна политика на Унгарија кон пристапувањето на Бугарија и Романија во Шенген.

ИОако Софија и Букурешт очекуваа, во декември лани Хрватска стана 23. земја од Европската Унија која влезе во Шенген зоната, додека Австрија го блокираше пристапувањето на Романија и Бугарија.

Холандија ја поддржа Романија, но стави вето за Бугарија.