Санкциите на САД се јасна дијагноза на режимот што поттикнуваше корупција. Но, ова е само првиот чекор. Нема кој да ја разоткрие оваа шема до крај, оцени денеска бугарскиот претседател Румен Радев откако САД воведе санкции против истакнати бугарски граѓани и 60 компании обвинети за корупција.
„Дали требаше од зад Океанот да ни се каже дека тука се прават злосторства и обвинителството не ги гледа…Ја поздравувам определбата на американската влада да го поддржи бугарското општество во потрагата и напорите за поголема транспарентност и правда“, рече Радев.
„Доколку институциите беа посамостојни и ја завршеа својата работа како што треба, не би стигнале досега. Ако медиумите поставувале важни прашања, како што се: „Зошто поранешниот премиер пушеше пури со коцкарските газди на кои им е простен огромен долг?“, „Зошто игра карти и оди на лов со дебели олигарси кои добиваат огромни јавни договори?“. Ова не е знак против земјата, ова е знак за нашата земја и бугарското општество “, рече Радев.






