„Сметам, дека впишувањето на македонските Бугари во Уставот на РСМ треба да биде задолжителен услов за за давање согласност од страна на Бугарија за почеток на преговорите.



Сметам дека сте рамноправни граѓани на РСМ, а не да бидете невидливи, какви што сте сега. “ изјави на денепната средба со претставницина Бугарите од Македонија бугарскиот претседател Румен Радев.

Според Радев тоа не е мешање на Бугарија во внатрешните работи на Македонија.

„Тоа е израз на загриженост за РСМ и за нејзиниот пат кон членството во ЕУ“, изјави Радев на средбата со македонските Бугари кои од шефот на бугарската држава денеска побараа гаранции за нивно „признавање во Македонија.

Двајцата претставници на македонските Бугари побараа од Радев јасна поддршка и одбија, како што рекле, да толерираат „нивните деца да се враќаат од училиште вознемирени поради нападите дека нивните дедовци биле окупатори и татаро-монголци“.