Бугарскиот претседател Румен Радев е дециден дека официјалното отпочнување на преговорите за членство во ЕУ ќе се случи тогаш кога Македонија ќе ги вметне Бугарите во Уставот.
„Фактичките преговори за членство, согласно преговарачката рамка, не се започнати. Ќе започнат тогаш кога Македонија ќе ги вметне Бугарите во Уставот. Тоа треба да е многу јасно – тогаш започнуваат преговорите за членство“, вели Радев.
Радев: Повеќе струја за Македонија, но според европски правила
Според него, неизбежно е двете земји да најдат заеднички јазик за историјата и затоа, како што потенцира, очекува политичарите да покажат поголема мудрост, ослободена од идеологиите на минатото.
Треба да ги решиме сите отворени прашања, разговорите за заедничката историја се неизбежни, в ели букарскиот претседател.






