Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека е потребна трезвена проценка во врска со позицијата на земјите кога е во прашање војна.
„Војната беснее во Европа. Мисијата на професионалната војска денес е да го спречи нејзиното ширење. Тука мора да го направиме тоа со професионализам во име на безбедноста.
Со јасна свест и многу трезвена проценка на разорниот потенцијал на војна која политичарите и демагозите ја занемарија во име на партиски или лични интереси“, изјави претседателот Румен Радев кој е во посета на Шпанија, пренесуваат бугарски медиуми
Петков сака да ѝ даде оружје на Украина
Тој нагласи дека многу од нив никогаш не ги ризикувале своите животи, но „се подготвени да ги ризикуваат животите на другите“.
Мисијата на професионалната војска е да го зачува овој мир по цена на живот, дециден е Радев…






