Претседателот Румен Радев очекува првата политичка сила во 49-от бугарсѝки парламент, коалицијата ГЕРБ-СДС, во понеделник да го претстават состав на новиот/идниот владин кабинет.
Радев средбата ја закажа за 15 часот на 22 мај, јави БНТ.
Доколку тоа се случи, претседателот ќе донесе указ Националното собрание да гласа за предложениот премиер.
Но, на ГЕРБ/СДС ѝ недостигаат пет гласови за да може да биде изгласана владата за чиј премиер е предложена евроокомесарката Марија Габриел.
Пак „виси“ идна бугарска влада – „Продолжуваме на промената“ не ѝ дава поддршка на Марија Габриел
Но од партијата „Продолжуваме со промената“?Демократска Бугарија се категорични:
„Нема шанси предлог кабинетот „Габриел“ на ГЕРБ да биде успешно изгласан во парламентот следната недела.
ГЕРБ има право да се обиде да предложи кабинет, но мислам дека тоа нема да успее, првиот мандат ќе успее да не биде успешен“, изјави пратеникот на ПП/ДБ, Ивајло Мирчев.






