Бугарскиот претседател препорачува, паралелно со сите напори за поврзување, инвестиции и соработка, да не се заборават главните прашања што ќе ја отклучат вратата за преговори со северна Македонија.



За посетата на Кирил Петков на Скопје Румен Радев вели дека „има многу позитивни сигнали“, пренесе БТВ, но предупреди:

„Апсолутно неодржливи се сите тврдења дека ако Бугарија бара рамноправност на македонските Бугари, запишана во Уставот, како реципроцитет с.Македонија од своја страна може да бара македонско малцинство во Бугарија“, рече Радев.

Да не заборавиме дека нашите уставни системи се радикално различни, вели тој.

Бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуалните права, а македонскиот устав се заснова на заштита на колективните права на делови од народите, истакна Румен Радев.