Бугарскиот претседател смета дека потпишувањето на Договорот за добрососедство со Македонија било избрзано и дека „Грција потпиша подобар договор“.
Румен Радев вели дека не се решени важни прашања меѓу Бугарија и Македонија.
„Некритички го прифативме новото име на нашиот југозападен сосед, Северна Македонија“.
„Инсистирам на барање дополнителни гаранции преку влегување на обврските од Договорот меѓу Бугарија и Македонија во Поглавјето 35 од идната договорна рамка за процесот на преговори меѓу Македонија и ЕУ“, изјави бугарскиот претседател.
Радев го критикуваше бугарското претседателство со ЕУ и оцени дека Софија не ги избрала вистинските приоритети на Унијата.
„Денес Европа зборува за миграцијата“, истакна Румен Радев. „Миграцијата откри огромни празнини во ЕУ“ и затоа Западниот Балкан останал во фокусот само на Софија.
Бугарија ја зајакна својата позиција како најоддалечена земја за ЕУ, вели Радев, како што пренесуваат бугарски медиуми.
Добивме стандардни комплименти. Ситуацијата во ЕУ е таква што може да се дадат само позитивни оценки, рече тој.
„Бројот на бакнежи и прегратки, бројот на лидерите што се појавија на мостот на љубовниците остануваат статистика“, вели Румен Радев.




