Радев: Не од Софија, туку од Скопје зависи кога ќе почне преговори со ЕУ

Почетокот на преговорите за членство на РС Македонија во Европската Унија нема да зависи од идната бугарска влада, туку од самата РС Македонија.



Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев кој е кандидат за втор јави БГНЕС.

Клучот за почеток на преговорите со ЕУ за РС Македонија е во почитувањето на правата на македонските Бугари, во искоренувањето на јазикот на омразата, во прекинот на обидите за систематско уништување на културното бугарско историско наследство.

Почетокот на преговорите нема да зависи од следната нова влада и нов парламент, туку од самата РСМ, која мора да преземе соодветни мерки. Убеден сум дека само со отворен дијалог меѓу Софија и Скопје ќе ги изградиме искрените пријателски односи што ги очекуваат луѓето од двете страни на границата, нагласи Радев денеска како што пренесе БГНЕС.

Во Бугарија денеска истовремено се одржуваат претседателски и по трет пат годинава – парламентарни избори.