Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето врз измените на Изборниот законик бидејќи измените, според него, даваат можност за фаворизирање на владеачката партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов на претстојните избори.



„Сите измени во Изборниот законик имаат јасна цел да гарантираат официјална победа на владејачката партија на претстојните избори, нанесувајќи уште еден удар врз правната структура на нашата земја.

Тие отстапуваат од јасните законски одредби и создаваат предуслови за сомнежи во правичноста на изборите и за нивно оспорување“ изјави претседателот Радев во обраќањето до нацијата.