Бугарскиот претседател истакна дека Бугарија треба да биде солидарна со украинскиот народ и да помогне со се’ што може, но тој кој ќе реши да обезбеди оружје и со тоа да ја вклучи Бугарија во војната, мора да се соочи со бугарското општество и да го сноси ризикот, пренесоа бугарски медиуми.



„Секој што ќе ја донесе таа одлука мора да излезе пред луѓето и да го објасни ризикот и цената на тоа“, рече тој.

Румен Радев беше категоричен дека одлуката за давање системи за противвоздушна одбрана на земјава треба да донесе бугарскиот Парламент.

Тој очекува Владата да даде јасни информации за ова прашање по средбата со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и околу барањето на САД бугарија да обезбедат системи Ц 300 за Украина.