Бугарскиот претседател стави вето и го врати на нова расправа во парламентот Законот за ратификација на Договорот, со кој Бугарија бесплатно ја дава оклопната транспортна опрема на Украина, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Во причините за ветото, Радев посочува дека народните избраници не биле доволно запознаени со конкретните параметри на донацијата, што им оневозможува објективно да проценат дали обезбедената опрема повеќе не е потребна.
Според претседателот, не биле земени предвид ниту воените задачи доделени на МВР, ниту потребите на главните дирекции „Гранична полиција“ и „Противпожарна безбедност и безбедност на населението“.
Според него, оклопната опрема за високо-теренски транспорт што и е обезбедена на Украина може да се користи за заштита на бугарската граница и за обезбедување помош на населението во случај на катастрофи и несреќи, вклучително и во тешко достапни области.
Радев е дециден дека безбедноста, здравјето и животот на бугарските граѓани мора да бидат врвен приоритет.






