„Ниту шверцерите ниту мафијата денес не се на плоштадите, туку бугарскиот народ, кој е единствениот суверен според Уставот и е решен да си ја врати својата земја “, сподели бугарскиот претседател Румен Радев на Фејсбук.
Ова најверојатно е одговор на вчерашната изјава на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој рече дека „Мафијата сака да ја урне владата„.
Тој ги повика демонстрантите да не подлегнуваат на провокации и нагласи дека раководството на Министерството за внатрешни работи е одговорно за животот на граѓаните кои протестираат.
„Нашата морална победа како општество ќе биде зачувување на граѓанскиот мир, и покрај навредите, провокациите и демонстративното газење на демократските принципи од страна на моќта што ја изгуби сета доверба. Промената е неизбежна. „Секоја тврдоглавост на владата само ја продлабочува кризата“, рече шефот на државата пренесе БГНЕС.





