Старо-новиот претседател на Бугарија, Румен Радев, за 3 декември ја свика првата седница на новоизбраното 47 Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на државата.
Во парламентот има седум партии. Тоа се „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ, БСП, „Има таков народ“, МРФ, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“.
Минатата недела се водеа преговори за формирање коалициска влада меѓу „Продолжуваме со промените“, БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“.






