Бугарскиот претседател Румен Радев остварил телефонски разговор со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во кој една од темите била и Македонија.
„Европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес и на Бугарија, и на регионот, но потребна е политичка волја за решавање на отворените прашања во отворен двостран дијалог меѓу Софија и Скопје, а не преку постојани напори за вршење надворешен притисок врз нашата земја. Само така во ЕУ нема да бидат внесени нерешени проблеми, ќе бидат заштитени европските вредности и ќе се отвори патот на нашиот југозападен сосед за неговата целосна европска интеграција“, му рекол Радев на Мицотакис, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.





