Радев му се испожалил на Макрон од Македонија

Институциите во Македонија мора со резултати да докажат дека навистина се стремат кон европска интеграција, порачал бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средба во Брисел со својот француски колега Емануел Макрон.



„Последната антибугарска кампања во Македонија, која доведе до голем број немили настани од омраза – палење и пукање врз бугарските културни клубови, како и насилство врз македонските Бугари, покренува прашања за улогата и за одговорноста на институциите во земјата“, нагласил Радев.

Шефот на бугарската држава потсетил дека и Бугарија, и Македонија ја прифатиле преговарачката рамка предложена во рамките на француското претседателство со Советот на Европската унија, а вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав е задолжителен чекор пред почетокот на процесот на преговори.

„Забележуваме отсуство на политичка волја за реформи и уставни измени, а наместо тоа во државата се води уште една антибугарска кампања“, посочил Радев.