„Ги исполнивме сите критериуми уште во 2011 година. Сè друго се внатрешни политики на државите кои се жалеа“ изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред денешниот самит на Европскиот совет во Брисел поради пролонгирање на влезот на Бугарија во Шенген.



Австрија се спротивстави на влезот на Бугарија во Шенген-зоната…

„Не можам да зборувам за бројките на мигрантите кои минуваат низ Бугарија. Повеќето од нив доаѓаат преку други рути. Ние сме посветени на заштита на нашата граница. Тројца наши граничари загинаа, беа убиени штитејќи ја границата. Овие луѓе ги дадоа животите штитејќи ја надворешната граница на ЕУ и земјите северно и западно од нас“ – рече Радев.

Тој е разочаран од одлуката на министрите пред неколку дена, Радев изјави дека Бугарија ги исполнила сите барања на ЕУ уште во 2011 година, пренесе кликс.ба.

Тој исто така нагласи дека очекува Бугарија да биде третирана исто како и другите земји-членки на ЕУ.

„Бараме Бугарија да се третира исто како и другите земји“, мислејчи веројатно на Хрватска која доби виза за влез во Шенген, а Бугарија заедно со Романија – извисија.