Во моментов Република Македонија е во состојба на вето, изјави претседателот Румен Радев од Брисел пред да учествува на вонредната средба на Европскиот совет во Брисел.
Како што кажал, додека не ги вклучи македонските Бугари во својот Устав, нема да има преговори за влез во Европската унија, јавуваат бугарски медиуми.
Тој, според Њуз.бг, ќе бара од ЕУ да воведе мониторинг и гаранции за почитување на правата на македонските Бугари.
Радев, пред европските лидери ќе го постави и прашањето за проблемите со Македонија.
Тој ќе ја истакне антибугарска омраза која според него, ескалира и која води до голем број „злосторства“.
„Има несовпаѓање меѓу амбициите на РСМ и преземените заложби за смирување на ситуацијата. Негирањето на постоењето на правата на македонските Бугари само ги продолжува проблемите, доведува до ново и ново насилство, до атмосфера на неказнивост“, изјавил Радев.







