Радев: Македонија да ја признае историската вистина, Бугарија да ги брани своите права


Запрашан дали Бугарија треба да го брани својот став за македонското прашање или да отстапи во прилог на Македонија, Радев рече дека „треба да почекаме да се смират емоциите и да се вооружиме со трпеливост, смиреност и здрав разум“, пренесува БГНЕС.



„Нашите браќа од РМ мора да бидат членки на ЕУ, но ова мора да биде одржлив процес, каде искоренување на антибугарската реторика, на јазикот на омраза, каде објективното признавање на историската вистина мора да стане неповратен процес. И тука Бугарија мора категорично да ги брани своите права “, инсистираше шефот на државата.

Парламентарните избори во Бугарија ќе се одржат на 28 март 2021 година, соопшти денеска бугарскиот претседател Румен Радев.