Радев: Мафијата ја води Бугарија во ќорсокак

Претседателот на Бугарија Румен Радев одново побара оставка на владата на Бојко Борисов и распуштање на парлементот.



„Треба да биде јасно дека патот до уставни промени минува низ итна оставка на владата и јавниот обвинител, како и самораспуштање на парламентот и предвремени избори. Предлозите за измени во Уставот единствено се насочени кон купување време и бетонирање на статус кво.

Мафијата се обидува да ја смести Бугарија во ќорсокак, обидувајќи се зад неправилното брзање за нов Устав да ја скрие корупцијата, фиоките, записите, беззаконието, рекетирањата. Денешниот парламент е дискредитиран, тој веќе го изгуби и легитимитетот и достоинството. Гледате како партиите ги менуваат своите позиции на секои 24 часа и се повеќе стануваат симбол на самопонижувањето“, додаде Радев како што пренесува БГНЕС..

Во Бугарија повеќе од еден месец се одржуваат протести на кои се бара оставка од актуелнта влада.