Радев ќе го врачи мандатот за состав на влада на партијата на Борисов

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска на победничката партија на последните (вонредни) парламентарни избори, ГЕРБ, ќе ѝ го довери мандатот за остав на влада.



Од ГЕРБ-СДС веќе најавија дека се подготвени да презентираат владин состав, јави БТА. ГЕРБ ќе направи последен обид да разговара со сите партии по добивањето на првиот мандат за формирање влада, изјави заменикот и заменик претседател на партијата Томислав Дончев во емисијата „120 минути“ на БТВ.

ГЕРБ има повеќе од две опции за иден прамиер: Едната е силна партиска фигура, а другата е доволно прифатлива личност за јавноста, вели Дончев.

ГЕРБ имаат амбиција да ја завршат процедурата со првиот мандат до крај и да формираат најдобар можен кабинет.

Поранешниот бугарски пшремиер Бојко Борисов вчера наговести дека и тој може да биде кандидат за премиер.

ВЕЛИ ДЕКА ТОЈ Е „МЕСИ ЗА БУГАРИЈА“

Прашан кој ќе биде кандидатот за премиер од ГЕРБ и кој ќе ја добие првата папка за формирање влада, Дончев изјави дека медиумите ќе дознаат денеска.

Со оглед на ситуацијата во парламентот, ГЕРБ бара луѓе кои ќе бидат општествено прифатливи, професионалци, луѓе со висок углед, објасни заменик-претседателот на партијата.

Тој рече дека нужно е да се направи коалиција и кабинет од партии кои имаат слични цели, а коалиција со тешки континуирани тензии нема да може да даде резултати.