„Во првата половина на јануари ќе го свикам Консултативниот совет за национална безбедност за РС Македонија“, изјави денеска претседателот Румен Радев.
„Важно е да се има став во ова највисоко политичко тело. Треба да го забрзаме процесот на европска интеграција на РС Македонија, но имајќи го предвид националниот интерес“ изјавил Радев како што пренесува БГНЕС.
Тој повртори дека е важно да се разбере дека правата на македонските Бугари, создавањето услови за нивно целосно вклучување во општествениот, политичкиот и културниот живот на земјата е прашање од исклучително значење и за Бугарија.
„Не еднаш сум повикал да престане јазикот на омразата“, потенцирал бугарскиот пшретседател.






