Бугарсѝкиот претседател ги повика Бугарите да бидат чувари на кирилицата грижејќи се за писменоста и потврдувајќи ги историските факти за кирилицата.
Тој имаше видео обраќање на денешниот „Меѓународен форум за кирилицата” на кој присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова а честитка упати и првиот човек на Бугарската црква, Неофит.
Јотова: Кирилицата е создадена од Бугарите
„Денес кирилицата не е само сопственост на бугарскиот народ. Напуштајќи ги нашите земји, буквите осветлуваат многу поширок духовен простор и обединуваат стотици милиони луѓе. Кирилицата гради мостови и поврзува светови.
Не можеме да зборуваме за Кирилица без да се земе предвид придонесот на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, кон бугарските владетели и свештеници, кои како своја мисија прифатија да бидат покровител на нашата азбука“, рече Румен Радев.
Епископот Поликарп, презентирајќи ја честитката од патријархот Неофит рече:
„Идентитетот е еден од проблемите во денешното модерно време. Обидите за негово разводнување во духовен и културен поглед водат до болни процеси кои предизвикуваат длабоки рани во општеството“.







