Студен туш од старо-новиот бугарски претседател Румен Радев за власта во Скопје, која спречувањето на обидот на опозицијата да ѝ изгласа недоверба на Владата на Зоран Заев го „оправда“ и со очекувањето за почеток на преговори со Европската унија во декември.
„Новата Влада не треба да отстапи од националните позиции, посебно кога залогот се бугарскиот идентитет и историја и правата на нашите сонародници зад границата“, порача Радев во својата прва изјава по реизборот како шеф на бугарската држава.





