Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе го посети Благоевград по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а а задно со претседателот во Благоевград ќе биде и премиерот Кирил Петков.
Со низа манифестации во Благоевград свечено ќе се одбележи годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во 17 часот од Судскиот совет ќе започне свечена поворка во спомен на Гоце Делчев, а во 17:30 часот е свеченото положување венци пред споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија”. Во фоајето на Регионалниот историски музеј во градот ќе биде претставена изложбата „Бесмртниот апостол Гоце Делчев”.
Во Софија, денеска вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија, Владимир Крстевски, ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина.






