Радев и Јотова загрижени за „дебугаризацијата“ на Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев, вели дека прашањето за членството на РСМ (како што ја нарекува Македонија-) во ЕУ не зависи од тоа која влада ќе биде на власт.



„Додека не се реши прашањето за човековите права и недискриминацијата (на Бугарите во Македонија -н.з.) не гледам како ќе се отвори вратата за преговори за членство“ вели Радев.

На заедничка срдба со претставници на бугарски здруженија од Македонија присуствувала и актуелната заменик-претседателка Илијана Јотова (позната по нејзините кскурзии во Албанија каде бараше бугарско малцинство).

Подиректна од Радев, Јотова оцени дека потпишаниот Договор (Заев-Борисов) за Добрососедство не бил добар затоа што е премногу општ, рамковен и не се спроведува.

– Мое цврсто убедување е дека Договорот за добрососедство не е добар документ. Премногу е општ, рамковен и не се спроведува – изјави Јотова, која заедно со претседателот Румен Радев имаше средба во Софија со претставници на бугарските организации во Македонија.

Според неа, последната политичка влада не го отворила прашањето за правата на Бугарите во Македонија, потпирајќи се само на она што е поврзано со историските факти и со Договорот за добрососедство.

Јотова се сомнева и во Историската комисија, која, според неа била формирана меѓу двете земји од дипломати и историчари, а е нефункционална бидејќи нема право да носи политички одлуки.

„Тогашните две влади на двете земји избегнаа политичка одговорност и сè им препуштија на научниците. До денес оваа Комисија не функционира во практика и не најде ниту едно решение. Оваа Комисија игра танго – еден чекор напред, два чекори назад. Научниците не можат да носат политички одлуки и оваа одговорност не може да се пренесе на нив, – рече таа.

Претседателот и потпретседателката во тандем се предложени за уште еден мандат на изборите што ќе се одржат во Бугарија на 14 ноември.