Радев го повика Борисов да се кандидира за претседател

Претседателот Румен Радев го повика лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да се кандидира за претседател на претстојните претседателски избори на 14 ноември.



„Мислам дека е крајно време господинот Борисов да престане да ја користи својата партија како штит и да ја одбрани честа со кандидатурата за претседател“ – изјави Радев по изјавата на Борисов дека „ќе чека до последен момент пред да го објави кандидатот за претседателските избори од неговата партија.

„мислам дека ова е логичен излез”, додаде Радев.

Тој ги отфрли обвинувањата на ГЕРБ дека ја користел преодната влада за да се справи со своите политички противници.

„Очекувам Министерството за внатрешни работи и службите да продолжат да работат решително и да обезбедат фер избори. Грдата појава на купување гласови нема место во демократијата и чудно е што некои партии се идентификуваат со тоа”, рече претседателот.