Радев денеска ќе го додели мандатот за состав на бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денес попладне се очекува да го предаде мандатот за состав на влада на победникот на предвремените избори на победничката „Има таков народ“.



Време е Бугарите да дознаат кој ќе биде премиер и кои се намерите на „Има таков народ“.

Бугарија се соочува со предизвици за кои е потребна редовна влада, нагласил шефот на државата.

Радев вели дека им дал време за разговори на партиите околу идната влада, но во последните денови може да се види дека конструктивниот дијалог се распаѓа.

Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, вчера предупреди дека доколку нема разум за договор за влада, можни се нови избори.