„Членовите на бугарско-македонската Комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ.



Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик“, изјави претседателот Румен Радев, во врска со актуелниот спор мешу Бугарија и Македонија, околу историјата, нацијата, македонскиот јазик.

Како што пренесува БГНЕС смета „тоа е првенствено одговорност на земјата – кандидат за членство во ЕУ.

„Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се направат со историја, идентитет и јазик, или со барање за националните малцинства, нагласи Радев.