Радев: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија

За Бугарија е исклучително важно да се придржува до националниот рамковен став во својата надворешна политика кон Република Северна Македонија, до декларацијата на Парламентот, до консензусот постигнат од Советодавниот совет за национална безбедност. Ова им го порача шефот на државата Румен Радев на бугарските новинари при посетата на Португалија.



Безусловна поддршка за Албанија, но Македонија ќе треба да почека

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информациии професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

„Се надевам дека ќе ја задржиме оваа политика, бидејќи тоа е единствената гаранција дека имаме одржливост и неповратност на интегративниот процес на Република Северна Македонија“, одаде претседателот.