Бугарија ќе продолжи да ги поддржува и развива своите односи со бугарското национално малцинство во Молдавија, увери претседателот Румен Радев, кој се сретна со претставниците на бугарското национално малцинство во Молдавија.
Меѓу најважните точки на состанокот беа зачувувањето на интегритетот на регионот Тараклија, компактно населен со етнички Бугари и по административната реформа во Молдавија, зачувувањето на академската независност на Државниот универзитет „Григориј Цамблак“ и привлекување инвестиции во тој регион.
Радев увери дека во оваа насока Бугарија и Европската унија строго ќе го следат почитувањето на правата на малцинствата и нивното целосно учество во развојот на општествените процеси во државата.
Потпретседателката Илијана Јотова го покрена прашањето за училишното образование на бугарски јазик за Бугарите во Молдавија. Таа инсистираше на ажурирање на договорот за соработка меѓу Бугарија и Молдавија во областа на образованието, што ќе овозможи и создавање партнерски односи меѓу бугарските стручни училишта и училишта во регионот Таракли.






