За време на вчерашната посета на бугарскиот претседател Румен Радев на Косово и средбата со колешката Вјоса Османи, во фокусот на разговорите била и бугарската заедница во Косово, јавуваат бугарски медиуми.



Радев и Османи разговарале за европската перспектива на Приштина, за стабилноста во Југоисточна Европа и за можностите за продлабочување на односите меѓу Бугарија и Косово.

„Бугарија е меѓу главните двигатели за забрзана европска интеграција на Западен Балкан“, нагласи Радев, кој претходно се фалеше дека била негова идејата да поставува услови на патот на Македонија кон Европската Унија, пренесува „Макфакс“.

Бугарската страна тврди дека скоро 15 илјади луѓе имаат бугарска самосвест, а во јануари годинава била поднесена петиција до Парламентот на Косово со барање тие да бидат признати како независна заедница.

Двајцата разговарале за можноста Бугарите во Косово да се признаат како заедница.

Вјоса Османи ги обврзала властите во земјата да ги почитуваат сите стандарди на претстојниот попис на населението во Косово, да го направат процесот транспарентен и да ги гарантираат правата на сите малцинства.

Румен Радев во Приштина рече дека Бугарија ги поддржува напорите за реформирање на Косово на патот кон ЕУ:

Вјоса Османи го истакна значајниот придонес на Бугарија во секоја фаза од создавањето на Косово – од признавањето на независноста на најмладата земја во Европа до учеството на бугарската војска во мировната мисија на НАТО (КФОР):

„Косово продолжува да се потпира на поддршката на Бугарија во следните чекори до целосното пристапување на нашата земја во Европската унија. Се надеваме дека тоа ќе биде и геостратешки приоритет за Брисел“, рече Османи.