Бугарскиот претседателот Румен Радев го повика премиерот во оставка Кирил Петков да свика состанок на Владата за да се проценат последиците од ескалацијата на кризата во билатералните односи со Русија и да се донесе одлука во согласност со сите законски процедури.
„Оваа одлука мора да биде во согласност со предизвиците со кои се соочува националната безбедност и долгорочните интереси на Бугарија и илјадниците бугарски граѓани кои живеат во Руската Федерација. Недозволиво е да се остават без дипломатско претставништво. Недозволиво е одлуките поврзани со безбедноста на Бугарија да не ги земаат предвид ризиците од ескалација и економските последици од нив“, категоричен беше шефот на бугарската државата во објава на Фејсбук.
Според него, одговорноста за одлуката е целосно на владата во оставка, која ги извршува своите функции во согласност со законите на Република Бугарија и заклетвата дадена пред Народното собрание за преземање на државата до вистински трансфер на власта.






