Една мисла на Кочо Рацин е многу прикладна деновиве кога дел од провладиниот дел од јавноста, од за огромен број луѓе нејасни причини, слави замислена голема победа на македонската дипломатија.
Мислата ја анализира Митко Б. Панов, професор на Институтот за македонска историја.

,,Во време кога некои говорат за некаков блескав успех на македонската дипломатија, извлекувајќи заклучоци дека Македонија е на прагот на „невидена“ афирмација на нашиот јазик и на македонската нација – а кои во суштина ќе станат историски непостоечки („невидени“) – се наметнува длабоката интимна мисла на Коста Рацин од пред повеќе од 80 години, која моќно ги предупредува Македонците „оти баш сега, у овие наши матни денови, кога на многу лесни глави им се завртуе паметот, историската поука има најголемо значение за нас“.
За Коста, историјата како „учителка на народите“, „ни е потребна, баш у овој важен момент, на нас Македонците, за да би могле да си го најдеме едниот вистински пат у нашата борба”.
Пренесено во актуелните македонски предизвици, треба сите да извлечеме поука од македонската историја.
За да не станеме туѓи на самите себеси!”, пишува Панов цитирајќи ги идеите на големиот Апостолов Солев кои одговараат на актуелниот миг со кој се соочува Македонија.






