„Само борбата на самите Македонци може да и даде слобода на Македониа – а секој друг — само робство! Вистинската слобода на Македониа нема да дојде от таму, ами само от самите Македонци и со примерот што го покажа Илинден! Секој друг пат е лага! ‘Мајка Блгарија’ уште тогај стана најголемиот душман на вистинската слобода на Македониа!“ – предупредил големиот македонски поет и народен трибун-патриот Кочо Рацин во својата статија со наслов „Значението на Илинден“, која ја напишал во 1940 година. Оваа статија е објавена првпат на 4 април 1963 година во македонското списание за култура, уметност и општествени прашања „Културен живот“, год. 8, бр. 4, како месечен орган на Културно-просветната заедница на Македонија.
„Македонскиот народ треба да стане и со свои нозе да тргне по своиот вистински пат!“
Покрај другото, во статијата Кочо Рацин пишува: „У историјата на македонскиот народ има многу места кај што се покажује сичко онова што е битно за неговата борба за ослободуење. Секоа народна историја има таквиа места ели датуми, па и македонската историја. А еден таков, и това, може би, најголем е Илинден ели Илинденското востание. Това е денот, кога заспалиот македонски народ, разбуден од петвековниот сон се разбудуе и стануе да оди со свои нозе по своиот вистински пат.“
„Точно, Илинденското востание не го доврши тој пат. Това само го почна тој пат, поправо, само го покажа за тие што вистински се борат за вистинска слобода на Македонија. И баш затова оти тој пат не е довршен, оти само ако понего се тргне ќе се дојде до слободата на Македонија, баш затова ние младите, напредните синови на оваја поробена земја, треба да го цениме и учиме Илинден, за да би ја постигнале целта на својата борба и слобода на Македонија.“
„Изучувањето на историјата, особено изучувањето на историјата на еден народ, секој пат значела многу за тиа што се бореле за слободата и прогресот на еден народ. Затоа и се вика, дека историјата била учителка на народите. Но особено таја учителка ни е потребна, баш у овој важен момент, на нас Македонците, за да би могле да си го најдеме едниот вистински пат у нашата борба. Оти баш сега, у овие наши матни денови, кога на многу лесни глави им се завртуе паметот, историската поука, а Илинден има најголемо значение за нас.“
„И тогај некои клапави синови на нашиот народ мислеја и се надеваја дека слободата ќе ни ја даде некој ‘отаде Блгариа’!“
„Илинден е најголемата дата у целата досегашна борба на македонскиот народ. Илинден беше првиот вистински пат и едничок начин да се ослободи тој народ, и као таков, тој покажа со крваво платено искуство, како требе да се води таја борба, и како секога, не се оди по него, се праќа со скапа крв и борбата заостануе назад. … И тогај се мислеше дека слободата ќе ни ја донесе некој друг. И тогај некои клапави синови на нашиот народ мислеја и се надеваја дека таа слобода ќе ни ја даде ‘некој отаде Блгариа’, Европа ели некој друг, само не самиот македонски народ.“
„Но неговите верни синови знаеја кој може това вистински да го стори и по кој начин и патишта треба това да стане. …Првата В.М.Р.О. била направена од неколку поразбудени Македонци, ама како масовна организација таја почнуе да биде од 1896 г. Тогај на чело стоеше Даме Груев. Таја организација, како вистинска револуционерна организација, јасно се определи што сака и како ќе го постигне: масовно организирана револуционерна акција и самата Македонија, водена од самите Македонци. Оти за организаторите на В.М.Р.О. беше јасно дека само така може да се освојуе слободата на Македониа. …“
„Првите борци на В.М.Р.О. — Даме Груев, Гоце Делчев, и Јане Сандански, како вистински народни борци …пропагираа борба против турската феудална империја, а за една слободна независна автономна Македониа уредена како демократска-гражданска држава. Друг пат немаше: слобода, кај што ќе управља саде еден народ…Но разбира се, това никако не им ујдисуваше на државните управители, што беа околу Македониа. Сите тија фрлија око на неја и си ја сметаја како своја земја. Си чекаја само прилика, како да си ја земат. Идеалот на В.М.Р.О. само ги заплаши и на секој начин гледаја да нестане.“
„Илинденското востание покажа каде е вистинскиот пат за слободна Македониа!“
„Најповечку за това се загрижи Блгариа. Блгарското управление сметаше дека кога и да е Македониа треба да биде негова, та затова уште тогај се почна усилена пропаганда да се прикажуваат Македонците како македонски блгари, кои требе да се соединат со својата мајка, и сета нимна борба за ослободување ќе требе да има таква цел. И ете тогај блгарското правитeлство почна активно да се меша у македонските работи.“
„…’мајка Блгарија’ уште тогај стана најголемиот душман на вистинската слобода на Македониа. И Илинден, како прво големо народно дело, покажа сичко това со пример, како што покажа и каде е вистинскиот пат за една вистинска слободна Македониа. За да не дозволи да дојде до една вистинска слобода на Македониа, блгарското правителство направи еден ‘Врховен комитет’ со кого сакаше, преку свои човеци, да ја руководи сета борба у Македониа. И от тој комитет почна после трагедијата на Македониа.“
„Кога се спремаше Македонското востание, се мислеше да биде това вистинско народно востание, подигнато у најпогоден момент и со сичката револуционерна сила. Но това никако не сакаше Врховниот комитет. И ете зошто това востание бидна пред време и до крај исползувано од блгарското управление. Но за десет дена, колку што траеше првата македонска република у Крушево, јасно се покажа сичко што не беше нездраво и лажно у борбата на Македонскиот народ. И одтука, кои се едино првите патишта на таја борба.“
„… големото значение на востанието лежи у това, што ни ги покажа онија патишта, што и до ден денешен остануват за нас. Кои се тиа патишта?“
„… само борбата на самите Македонци може да и даде слобода на Македониа – а секој друг — само робство. —… Македониа уште не е слободна. Борбата е тешка, душманинот јак, но и мнозина водачи не водеја по крив пат. Уште има кај нас ‘чекајушти’ и ‘желајушти’! Уште таквија чекајат некој да ги ‘ослободи’ и да им даде живот.Германија и Австрија“
„Блгарските мечти за Македонија беа поткрепуени от Австрија и Германија“ уште од периодот на Илинденското востание, затоа и денес овие две држави вршат притисок да се смени Уставот во полза на Бугарија!
Однесувањето на денешна Германија и Австрија, зошто претседателот на Германија, Штајнмаер, канцеларот Шолц и министерот за надворешни работи Аналена Бербок, како и претседателот на Австрија Белен вршат толку силен притисок врз Македонија да си го промени својот Устав во корист на Бугарите, може одлично да се разбере од студијата на Кочо Рацин „Националното прашање во Македонија“, која ја напишал извесно време пред својата смрт на 19 јуни 1943 година на планината Лопушник, близу Кичево, кога бил убиен, поради неговата промакедонска линија, која отстапувала од плановите на Комунистичката партија на Југославија во поглед на решавањето на „македонското прашање“ и статусот на Македонија. Студијата е објавена првпат во 1953 година.
Покрај другото, во студијата во овој контекст Рацин објаснува: „Блгарските мечти за Тракиа и Македониа беа поткрепуени от Австриа, Германиа, и во прво време Русиа, но најдуеа силно противење кај Англиа и Франциа, от кои првата ја имаше Грциа под свое влијание… …Србиа и Блгариа …по отношение на нивната експанзија во Македонија, интересите им се чукнаја и дојдова во противност.“
„От тија причини Македонија стана ‘јаболко на раздор’ меѓу српската и блгарската буржоазија, на која обете фрлаја грабителско око и не можеја да се согласат преку неја. От тија причини дојде и мешањето на српските и блгарските империалисти во македонските национално-ослободителни борби, кое се одрази толку фатално на македонскиот народ и процесот на неговото национално пробудуење.“
Подготвил: м-р Свето Тоевски






