Германските истражители вчера извршиле рација во домовите на двајца познаници на симпатизерот на групата Исламска држава кои изврши смртоносен напад во Виена во ноември, соопштија обвинители.
Двајцата кои ги проверува полицијата знаеле за плановите на напаѓачот Кујтим Фејзулаи за нападот и не ги информирале властите.
Наместо да пријават тие избришале материјал на нивните мобилни телефони и платформите на социјалните медиуми за да ги прикријат своите врски со Фејзулаи, се вели во соопштението на федералното обвинителство на Германија.
Четири лица беа убиени во нападот на 2 ноември, а вооружениот напаѓач исто така почина. Дваесет други, меѓу кои и еден полицаец, беа ранети.
Фејзулаи беше двоен државјанин на Австрија и Македонија, кој имаше претходна пресуда за обид да се приклучи на Исламската Држава во Сирија.
Обвинителите ги идентификувле мажите чии домови беа претресени во средата во Оснабруек и Касел само како косовски државјанин Блинор С. и германски државјанин Дрилон Г., во согласност со германските правила за приватност.
Обвинителството не соопшти дали двајцата се уапсени.
Според обвинителството двајцата се исламски радикали и биле во близок контакт со Фејзулаи преку социјалните мрежи. Тие го посетиле во Виена неколку дена во јули 2020 година, кратко откако тој го набавил оружјето што го употреби во нападот и се состанале со други радикали од Австрија и Швајцарија.
Обвинителите тврдат дека, со оглед на нивните „блиски лични односи“ со Фејзулаи и нивните радикални ставови, и двајцата знаеле дека кога ќе заврши посетата можно е тој да постапи според неговите намери да изврши напад.
Обвинителите тврдат дека дека двајца сега гонети започнале да бришат материјали што ги поврзуваат со напаѓачот вечерта на 2 ноември, пред да започне нападот.






